Сиљановска организира вечера за лидерите од регионот, Мицкоски се фали дека бил на неа
Синоќа во Охрид претседателката Гордана Сиљановска-Давкова организираше вечера за учесниците на состанокот на Процесот Брдо-Бриони. За тие што беа дојдени пред денешната средба. Вечерата не беше најавена од кабинетот на претседателката. За неа се дозна од соопштението на српското собрание, каде се наведе дека новиот негов претседател Александар Чупиќ ќе биде два дена во Охрид и во четвртокот ќе биде на вечера.

За вечерата македонската јавност дозна од премиерот Христијан Мицкоски. Тој се пофали на Фејсбук дека бил на вечерата објавувајќи повеќе фотографии. Една од нив е како седи до Александар Чупиќ на вечерата, што можеби треба да сугерира дека веднаш се создава одредено разбирање со новите српски власти.