Пожар во магацински простории на поранешниот дисконт на „Тинекс“ во Кисела Вода
Синоќа се запалиле магацински простории на поранешниот Дисконт „Тинекс“ на булеварот „Борис Трајковски“.
Пожарот избувнал во придружни простории кои порано се користеле како магацини за утовар на стока.
Инаку објектот бил затворен повеќе од една година, уште пред продажбата на „Тинекс“.