Гаши се сретна со хрватскиот премиер Планковиќ: Потврда за добрите односи
За време на официјалната посета на Хрватска, претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со премиерот Андреј Пленковиќ. Заедно со гаши во делегацијата се и пратениците Благица Ласовска, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати.
Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави, при што беше истакнато дека Хрватска претставува значаен партнер со кој се споделуваат заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот.
Гаши изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Хрватска за европската перспектива на Македонија. Притоа, беше посочено дека хрватското искуство во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската унија претставува значаен извор на знаење и искуства, од особена важност за натамошниот напредок на државата во европската интеграција.