Eксплозија на јахта под бугарско знаме во Сани на Халкидики


При експлозија на јахта под бугарско знаме, што се наоѓала во марината Сани на првиот крак на Халкидики, повреден е единствениот патник, кој бил пренесен во болницата, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

По експлозијата имало навлегување вода во пловниот објект, поради што се преземаат активности за нејзино испумпување, а превентивно, околу јахтата е поставена и пловна бариера за да се спречи загадување на морето.

Според грчките медиуми повредениот е грчки државјанин, кој воедно управувал со јахтата, се здобил со изгореници на рацете, нозете и лицето, но не е во животна опасност.