Белград во колапс: Дождот ги претвори улиците во реки (видео)


Силниот дожд што попладнево го зафати главниот град на Србија, Белград, ги претвори улиците во реки, а водата се слева по скалите во подземните премини. 

Снимките што доаѓаат од нашиот северен сосед покажуваат како возилата се пробиваат низ поплавените улици, а водата слободно како по водопад паѓа низ скалите низ подземните премини. 

Сообраќаен колапс е регистриран на автопатот низ Нов Белград, како и на Автокоманда, Газела и Бранков Мост, каде што метежот го отежна движењето на возачите уште повеќе.

Поради големата количина на врнежи, водата останува на улиците, што дополнително го забавува сообраќајот и го отежнува поминувањето на возилата. Возачите се соочуваат со тешки услови за возење, а ситуацијата е особено неповолна на одредени делници.

Дождот и големите гужви заедно создадоа вистински колапс во главниот град, па затоа на возачите им се препорачува да бидат дополнително внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да избегнуваат нагло сопирање.

Колапсот траеше и по 19 часот, а на учиците сè стои. Луѓето чекаат во редови два часа.
Она што е невообичаено, а за што придонесе големата количина на врнежи што паднаа на главниот град, е тоа што застојот траеше до вечерните часови, па дури и околу 19:30 часот колапсот сè уште е во тек.

Како што сведочат бројни граѓани, дури и по 19 часот ситуацијата на улиците на Белград е хаотична.

Реки вода течат низ улиците, а автомобилите се практично заробени.

 

Колоните се бескрајни.

Читателите на српските портали кажуваат дека им биле потребни дури два часа за да стигнат до посакуваната локација на враќање од работа.