Петровец, Соње и негативните броеви од „Христо Татарчев“ утре без струја
Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД.
Според најавите, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Петровец – спроти село Ржаничино од 8 до 15 часот во општина Петровец.
Без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Христо Татарчев 1“, „Христо Татарчев 3“, „Христо Татарчев 5“, „Христо Татарчев 7“, „Христо Татарчев 11“ од 9 до 13 часот во општина Кисела Вода.
Од 9 до 12 пак, корисниците од место викано „Под Брег“ во Горно Соње, општина Сопиште.