Исклучена струјата на дел од факултетите на УКИМ и ректоратот поради неплатени сметки
Од утринава исклучена струјата на повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, меѓу кои Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот, Земјоделскиот, но и на зградата на Ректоратот, јавува „Телма“.
Според, информации на телевизијата, деновиве не се исклучува можноста без електрична енергија да останат и културните институции, но мрак и се заканува и на Пошта. Причината за ова се неплатени сметки за струја.
Станува збор за долг од половина милион евра кон операторот кој ги снабдува со електрична енергија, но најголем дел од долгот е токму кај факултетите.
Останува да се види до кога универзитетските згради ќе бидат без струја, но и дали ќе има други исклучувања или ќе во меѓувреме ќе се платат дел од фактурите.
Јавните и државните институции имаат милионски долгови и кон ЕСМ кои според податоците од компанијата изнесува нешто над 24 милиони евра.