Се чека крајот на учебната година за да се види ефектот од затворањето на училиштата
Оптимизацијата на училиштната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование. Тое е така, не затоа што група експерти од македонија така мислат, туку, затоа што тоа е покажано и докажано, во други земји, кои пред нас спроведувале оптимизација и кои имаат едносменска и целодневна настава, во моментот, во многу побогати и понапредни земји од нашата“, одговори министерката за образование Весна Јаневска, на денешната седница за пратенички прашања од опозицијата, прашана од пратеникот на СДСМ Димитар Ковачевски, кои се ефектите од спроведената регионализација, затворањето училишта и паралелки, префрлање ученици во други училишта, како и ефектот врз наставниците.

За оваа реформа, таа вели дека имаме поддршка и од УНИЦЕФ кои имаат направено сериозна анализа за вишокот паралелки и вишокот наставници, а имаат направено и оптимизациски план.
Реформите во образованието се добри и тоа го поддржува и Извештајот на ЕУ за 2026 година.
„Инаку, во едносменска настава имаме вкупно 1.023 училишни објекти, од нив 926 се училиштни објекти на основни училишта,а во 583 централни и подрачни училишта има едносменска настава во 109 објекти, а во 37 од средносто образование, исто така, имаме едносменска настава. Тшно е дека ние затворивме уште 33 училишта, затоа што нема првачиња“, рече Јаневска.
Таа искажа лично искуство дека била во дел од училиштата, каде разговарала со деца кои од едно село биле префрлени во друго село, каде има повеќе деца. Во Карбинци, од Долен Балван се префрлија во друго село, и учат со повеќе деца, а се презадоволни од таквата ситуација, за што посведочила и наставничката.
За подетална анализа и ефект од оваа мерка, Јаневска вели дека треба да се почека да заврши учебната година. Сепак, вели дека анализата ќе ја направат, но резултатот нема да може да го видат следната година.
За бројот на наставниците и трансформацијата на нивните работни места, Јаневска вели дека нема реакција, значи сѐ поминало добро, а редукцијата на наставниците ќе се врши со нивно пензионирање, не претходно.