Хакери го нападнаа „Еквинор“, еден од најголемите европски снабдувачи со гас


Осло –    Норвешката енергетска компанија „Еквинор“  соопшти дека е под кибер напад врз дел од своите информациски системи. Нападот, според компанијата, не влијае на производството на нафта и гас.

„Еквинор“ ја објави таа информација во кратко соопштение на својата веб-страница. Тие велат дека ги распоредиле сите потребни ресурси за да го неутрализираат нападот и да го вратат целосниот интегритет на системот.

„Нема ништо што укажува дека податоците се украдени. Нападот не влијае на работењето или производството на „Еквинор“, соопшти компанијата. Тие додаваат дека ги информираат надлежните институции за нападот, но не прецизираат кои и дека ќе објават нови информации кога ќе станат достапни.

„Еквинор“ не кажа кои системи биле погодени, кога започнал нападот или кој би можел да стои зад него. 

Како што наведува, „Еквинор“ е еден од најголемите добавувачи во Европа. По руската инвазија на Украина и падот на испораките на руски гас, Норвешка стана еден од клучните извори на гас за европскиот пазар, а државата е мнозински сопственик на „Еквинор“.