Во Софија ќе биде промовирано бугарското издание на „Одбројување“ од Фросина Пармаковска
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 19 ноември (четврток), од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, издание на „Персеј“, превод на Маријан Петров.
Македонската писателка Фросина Пармаковска ќе земе учество во претставувањето на својот роман, а исто така учество ќе земат издавачот и литературен критичар Пламен Тотев и преведувачот Маријан Петров.
Романот раскажува за млада жена се омажила прерано и е заробена во стапицата на семејно и психолошко насилство. Сега таа е решена да избега од доминацијата, контролата и немилосрдната тортура на својот сопруг. Таа среќава друг маж кој е подготвен да ѝ ја даде целата своја љубов и разбирање.
Дали е можно жената да победи во овој машки свет на постојани закани, уништување, насилство и тортура? Дали е можно да создаде нов, слободен живот за себе?
Романот, во издание на „Или- Или“ во 2017 година ја освои наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. Нејзиниот претходен роман е познат бугарските читатели – „Вишнова хроника“.