Иран: Неколку експлозии слушнати на островот Кешм во Заливот


На јужниот ирански брег, поточно на островот Кешм во Заливот денеска се слушнати неколку детонации, објави  иранската новинска агенција „Фарс“,пренесува ДПА.

Официјални извори наведуваат дека причината за експлозиите е непозната. 

Над островот е забележан чад. Непотврдени информации на социјалните мрежи сугерираат дека експлозиите биле предизвикани од воздушни напади на САД.

Онлајн новинарот познат како „Вахид“, повикувајќи се на локални жители, извести дека на островот одекнале меѓу пет и седум експлозии.

„Тоа беше ужасно силен тресок, а чадот од експлозијата сè уште се гледа над градот. Изгледа дека ја погодени позицијата на противвоздушната одбрана во градот“, објави „Вахид“ на својот канал на „Телеграм“, цитирајќи еден од жителите, пренесе ДПА.