Украина го урна Кримскиот мост во „операција во седум фази“

Украинците нападот го извршија со нивната ракета „Фламинго“. Кримскиот мост е долг 19 километри и ја поврзува Русија со окупираниот Крим


 

Дел од Кримскиот мост, кој го поврзува окупираниот Крим со Русија, се урна по украински ракетен напад со ракети „Фламинго“ извршен во текот на ноќта на 17 ноември. Ова претставува завршна фаза од операцијата која, според зборовите на претседателот Володимир Зеленски, се одвивала во седум фази и траела „неколку недели“.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа дека еден од сводовите на конструкцијата и коловозот меѓу два столба целосно недостасуваат, а под нив се гледаат остатоци од урнатините. Ова се случува по уште еден напад, извршен со дронови на 16 ноември. Мостот се сметаше за симбол на руската окупација на Крим. 

„Кримски мост. Санкциониран“, напиша на платформата Икс Владислав Власјук, комесар за санкции при кабинетот на претседателот на Украина.

Кримскиот мост, долг 19 километри, го поврзува рускиот Краснодарски крај со полуостровот Крим (кој е под руска окупација) преку Керченскиот теснец. Изграден по руската окупација на Крим во 2014 година, патниот дел од мостот беше пуштен во употреба во 2018 година, додека патничкиот железнички сообраќај започна во 2019 година. Мостот е цел на украински напади уште од почетокот на руската инвазија од целосен обем.

Зеленски на 17 ноември изјави дека нападот бил „седма фаза од операцијата што се спроведува веќе неколку недели“.

„Нашите сили систематски уништија системи за воздушна одбрана, радари, средства за електронско војување и други назначени цели по патот до конечната цел“, рече тој во објава на социјалните медиуми.

„Денес – во критична фаза од операцијата – беспилотните летала ‘Палијација’ се покажаа прецизни, погодувајќи го делот со возила од мостот, додека ракетите ‘Нептун’, заедно со беспилотните летала ‘Рута’ и ‘FP-5’, го погодија железничкиот дел. Користејќи го системот ‘Фламинго’, нашите сили извршија прецизен удар – при што комуникациската врска функционираше совршено до последните секунди“.

 

Русија возврати веќе утрово со напад на мост во Киев.

Кримскиот мост, познат и како Керченски мост, претставува витална линија за снабдување на руските трупи и има огромна симболична вредност за рускиот претседател Владимир Путин, кој неговата изградба ја постави како главен приоритет по незаконската анексија на украинскиот полуостров од страна на Русија во 2014 година.

Во изминатите шест месеци, Украина ги зачести нападите врз Крим, принудувајќи ги властите поставени од Русија да воведат вонредна состојба во текот на летото, поради честите прекини во снабдувањето со електрична енергија и недостигот на гориво на овој силно милитаризиран полуостров.

Тајмингот на последниот напад – во пресрет на средбата на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џипинг во Азија – му дава уште поголемо симболично значење. Кремљ се обиде да го претстави овој собир како „Нова Јалта“, алудирајќи на конференцијата од 1945 година, на која советскиот лидер Јосиф Сталин, заедно со сојузничките сили, практично ја прекрои светската карта на сфери на влијание. Поради нападот на мостот, Јалта – град на анектираниот Крим – стана практично недостапен од копнениот дел на Русија, барем додека не се извршат поправките.

Според руските државни медиуми, мостот, чија изградба чинеше 3,7 милијарди долари и е најдолгиот премин во Европа, е проектиран за дневен капацитет од 40.000 автомобили, како и за транспорт на 14 милиони патници и 13 милиони тони товар годишно.

 

На видеата и фотографиите, чија локација е потврдена од Си-Ен-Ен (CNN), се гледа како дел од патниот мост е урнат во водата. Паралелниот железнички мост, се чини, останал неоштетен. На друго видео,  се гледа пожар на еден дел од мостот. Руското Министерство за транспорт соопшти дека сообраќајот е запрен по вториот украински напад во последните два дена, додавајќи дека мостот бил оштетен во напад со беспилотни летала.

„Експертите ја проценуваат штетата“, наведоа од Министерството, додавајќи дека нема жртви. Истражниот комитет на Русија го потврди нападот врз мостот, нарекувајќи го „терористички чин од страна на украински вооружени групи“.

Украина во повеќе наврати го напаѓаше Керчкиот мост откако во 2022 година започна целосната руска инвазија, но штетата што мостот ја претрпе оваа недела се чини дека е посериозна отколку во некои од претходните напади. Руската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборила 1.441 украински дрон.

За операцијата Зеленски даде детален приказ преку социјалните мрежи порачувајќи и на Москва дека за секое уништување на украинската инфраструктура ќе одговори на ист начин. 

„Денес, секој може да ги види последиците по главниот воен премин од руска територија кон нашиот украински Крим. Ова е резултат на седмата фаза од операцијата што се одвиваше во текот на неколку недели, а беше развиена и координирана од Службата за безбедност на Украина, заедно со Генералштабот на Вооружените сили на Украина. Нашите борци постепено уништуваа системи за противвоздушна одбрана, радари, опрема за електронско војување и други утврдени цели, на патот кон конечната цел. За таа цел, тие ги користеа „Довбуш“, „Вендета“, „Да Винчи“, „Сичен“, „Мич-2000“, „Рута“, „Палјаницја“, „Ан-197“, „ФП-1“, „ФП-5 Фламинго“ и „Р-360 Нептун“.

Денес, во клучната фаза, беспилотните летала „Палјаницја“ се покажаа исклучително добро, погодувајќи го патниот дел од мостот, додека ракетите „Нептун“ и беспилотните летала „Рута“ и „ФП-5“ го погодија железничкиот дел. Користејќи го „Фламинго“, нашите борци изведоа прецизен напад – при што врската за пренос на податоци функционираше беспрекорно сè до последните секунди.

Во повеќе наврати ѝ предложивме на Русија чекори кон деескалација, но секој предлог наиде на остро одбивање. Русија секојдневно ја напаѓа нашата инфраструктура, вклучително и мостовите во Запорожје, Днипро, Киев и регионот на Одеса. Ние ја обновуваме нашата инфраструктура, но истовремено ја потсетуваме Русија дека војната секогаш ќе се врати таму каде што започнала. Одбранбените капацитети на Украина се силни и такви ќе останат; никогаш нема да оставиме теророт врз нашите градови и луѓе да помине без одговор.

Им благодарам на вистинските борци од Службата за безбедност на Украина, на сите наши Одбранбени сили, на нашите разузнавачки служби и на СЕКОЈ производител на оружје што ефикасно се користи за одбрана на Украина, на Украинците и на нашите национални интереси. Слава на Украина!“- напиша Зеленски.

Една од дополнителните предности што Русија ги доби со изградбата на Керченскиот мост беше можноста целосно да ја контролира пловидбата помеѓу Црното Море и Азовското Море. Во тоа време, додека Мариупол беше слободен, ова беше главниот поморски пат за извоз на челик од Украина, произведен во двете челичарници во Мариупол.

Со изградбата на овој нелегален мост, Русија го стесни водениот премин, оставајќи отвор широк само околу стотина јарди (90-тина метри) под сводот. Веднаш потоа, Русија почна да ги вознемирува украинските товарни бродови, не дозволувајќи им да поминат под мостот, спроведувајќи „контрола на товарот“ или барајќи плаќање за „услуги за пловидба“. Понекогаш, Русија едноставно поставуваше празни товарни бродови пред преминот, физички блокирајќи го со денови. Тоа беа времиња кога Украина го контролираше северниот брег на Азовското Море и зависеше од овој поморски пат.

Сега ситуацијата е целосно променета. Со уривањето на првиот свод (кој го носеше автомобилскиот дел од мостот), преминот е трајно затворен. Малку е веројатно дека низ него може да помине каков било поголем брод. Длабочината на водата под мостот претходно изнесуваше околу 9 метри, додека другите делови од мостот и онака беа непроодни. Сега длабочината изнесува можеби 2-3 метри, а можеби и помалку, при што дното е полно со метални и бетонски препреки со неочекувани форми.Ова ја оневозможува Русија да префрли каков било брод од пристаништата во Мариупол, Ростов или други места кон Црното Море. Исто така, невозможно е да се префрлат воени бродови од Касписката флотила во Црното Море (што Русија претходно го правеше преку системот од канали што ги поврзуваат Каспиското Море, Волга и Днепар). Понатаму, ниту еден руски воен брод од Црното Море не може да се засолни во Азовското Море, ниту пак да замине кон Каспиското Море.