Швајцарија е подготвена да биде домаќин на нова рунда преговори за Украина


Портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи, Јонас Монтани, денеска изјави дека земјата е подготвена да го олесни дијалогот и да биде домаќин на нова рунда разговори за решавање на конфликтот во Украина.

Тој изјави за руски медиуми дека Берн ги поддржува сите дипломатски иницијативи насочени кон постигнување праведен и траен мир во Украина и е подготвен да организира состаноци во Швајцарија.

Монтани нагласи дека швајцарското МНР одржува контакти со сите страни и ги нуди своите услуги за олеснување на наоѓањето пат кон мир.

Весникот „Ла Република“ претходно објави дека раководството на Европската Унија се стреми разговорите за Украина да ги премести во Европа, а како можни локации за следната рунда се разгледуваат Женева, Норвешка или Турција.