Без вода делови од Капиштец и Водно
Дел од населбите Капиштец и Водно денеска ќе останат без вода поради санација на дефекти на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Партение Зографски, Периша Савелиќ и Ацо Караманов во Капиштев поради дефект на затворач со пречник од 80 милиметри на улицата Партение Зографски бр. 89.
Во исто време, поради дефект на приклучна цевка со пречник Ф-5/4 на улицата Славејко Арсов бр. 81 во населбата Водно, прекин во водоснабдувањето ќе имаат и дел од корисниците на истоимената улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата и отстранување на дефектите.