Мицкоски побара праведлив и предвидлив пат за ЕУ, Санду – дека се што им побарале исполниле!


Премиерот Христијан Мицкоски денес учествуваше на форум за проширувањето во Брисел, на кој беа исто така и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, еврокомесарката Марта Кос, претседателјката на Молдавија Маја Санду, претседателот на Финска Александар Стуб , претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и други лидери. 
 
Премиерот Мискоски за настанот извести преку социјалните мрежи, порачувајќи дека проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент.
 
„Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив. За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива“, напиша Мицкоски. 
 
Еврокомесарката Кос во своето кратко обраќање рече дека во светов што се менува многу брзо, оставањето празнини на картата на Европа повеќе не е опција. Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен порача дека приемот  на нови земји во нашата Унија повторно е дел од оваа приказна.
 
„Тоа е шанса да изградиме посилна Европа, способна да ја обликува својата иднина.Мора да ја покажеме истата амбиција и решителност што ја покажаа лидерите пред 30 години“, рече Урсула фон дер Лајен.
 

Фон дер Лајен нагласи дека претходните рунди на пристапување донесоа зголемен просперитет и стабилност и за новоприклучените и за сегашните земји-членки.

Молдавската претседателка Санду, пак, настапи оптимистички оценувајќи дека патот на Молдавија кон ЕУ е амбициозен и остварлив.

„Тоа го докажавме со секоја спроведена реформа и ќе го продолжиме темпото“, најави Санду. лидер на земја која не беше ни перцепирана воопшто како можна членка на Унијата до неодамна.