Кардинале: Никогаш нема да го продадам Милан, сакам редовно да го освојувам Скудетото и да се вратиме во ЛШ


Сопственикот на Милан и раководител на инвестициската фирма „RedBird Capital Partners“, Гери Кардинале, изјави дека нема намера да го продаде италијанскиот клуб.

– Никогаш нема да го продадам Милан. Никогаш. Нашиот проект има за цел да го врати клубот на победнички патеки. Не сум подготвен да прифатам дека ќе биде потребно долго време за да се постигне оваа цел. Сакам да го постигнам ова што е можно поскоро. Мојата цел е редовно да го освојувам италијанското првенство и, секако, да се вратам во Лигата на шампионите.
Ќе направам сè што е можно за да се осигурам дека кога сакаме да потпишеме играч, никој не може да ми каже: Не можете да го потпишете затоа што немате доволно пари.
Во моментов, само клубовите од Премиер лигата се во можност да потрошат одредени суми пари и да ги стекнат најдобрите играчи. Ако сакам да го вратам Милан на врвот на европскиот фудбал, треба да најдеме начин да се натпреваруваме со најголемите клубови во светот.
Сите мислеа дека сум арогантен кога се споредувам со Берлускони. Но, мислев на нешто друго: исто како што Берлускони ги трансформираше Милан и Серија А со него, ние сакаме да го водиме клубот во нова ера, изјави Кардинале.

Милан по 11 кола во Серија оваа сезона има собрано 25 бодови и се наоѓа на 4. место. Лидер е Лацио со 29 бода.