Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка: Малолетник ја заклучил во автомобил
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била заклучена против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Девојчето, кое претходно било пријавено за исчезнато, се вратило дома следното утро, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, мајката на 13 ноември во 01:00 часот во полиција пријавила дека нејзината ќерка претходниот ден, околу 18:00 часот, се оддалечила од семејниот дом.
Подоцна мајката ја известила полицијата дека девојчето се вратило дома на 13 ноември во 07:40 часот.
Според пријавеното, 12-годишното девојче и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во паркот Сарај. Потоа, еден од малолетниците ја заклучил 12-годишната девојка во патничко возило против нејзина волја.
Како што е пријавено, малолетникот останал во автомобилот со девојчето и со нејзината другарка до следното утро.