УХМР: Најстудено утрово на Попова Шапка со шест степени, најтопло во Битола со 14


Битола: (Фото: Б. Грданоски)

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 6 степени , а најтопло утрово било во Битола со 14 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според утринските мерења, 7 степени биле измерени во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Берово, Маврови Анови и Лазарополе. По 9 степени се измерени во Велес, Виница, Струмица,   Гевгелија и Крушево, 11 во Кавадарци, 12 во Охрид и Претор и 13 во Демир Капија. 

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе и на Попова Шапка, каде се измерени по 10 литри на квадратен метар. Во Пожаране се наврнати 6 литри, во Охрид 4, а по еден литар на квадратен метар се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Крива Паланка и Крушево.