Две титули за Македонија на Мис Тин Планет 2026 во Бургас


Неодамна во Бургас, Бугарија се одржа изборот за Мис Тин Планет 2026, на кој Македонија ја претставуваа две девојки, Ива Георгиева (15г) од Виница и Зорана Блажевска (14г) од Скопје и двете освоија титули.

 

Ива се враќа со титулата Мис талент, а Зорана е Мис модел. Победничка е претставничката на Грузија.

Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.

Традиционално, векје со години организатор на овој избор е агенцијата Intersound од Софија.