Четири малолетнички ќе одат во воспитно-поправен дом за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров


Фото: Б. Грданоски

Четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров добија мерка упатување во воспитно-поправен дом.

​
На првообвинетата малолетничка ѝ е изречена мерка во траење од една година, додека за останатите три е определен престој од по осум месеци.

Од Кривичниот суд потврдија дека одлуката сè уште не е правосилна. Таа е во фаза на писмена изработка и сè уште не им е доставена на странките.

Станува збор за случајот што ја вознемири јавноста во март годинава, кога група малолетнички во два одделни наврати физички нападнале 13-годишно девојче во Ѓорче Петров. Дел од насилството било снимано со мобилни телефони, а видеоснимките и фотографиите се појавија на социјалните мрежи.

Против четирите малолетнички претходно беа поднесени кривични пријави за насилство, а постапката се водеше согласно Законот за правда за децата.

Шестоодделенка во Ѓорче Петров била горена со цигари и присилена да јаде кучешки измет