Субхи Јакупи, е избран за претседател на Управниот суд


Aктуелниот судијата во Вишиот управен суд, Субхи Јакупи, е избран за претседател на Управниот суд. Toj jа доби подршката од мнозинството членови на Судскиот совет, со оценка дека неговата програма, досегашното искуство и познавањето на управното судство го издвојуваат меѓу кандидатите.

Во расправата, повеќе членови ја истакнаа неговата способност за раководење, искуството стекнато во Вишиот управен суд и квалитетот на програмата што ја презентирал.  Против неговиот избор се изјасни единствено Сузана Јошевска, според која Јакупи е кандидатот со најмал судиски стаж меѓу пријавените и единствениот кој нема судиски стаж во судот со кој треба да раководи. Таа оцени и дека неговата програма содржи цели, но тие не се доволно разработени.

За раководното место во Управниот суд пријавени беа Ѓоко Живковски, судија во Управниот суд со 12 години судиски стаж, избраниот-Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд со седум години судиски стаж, Едита Наскова, судијка во Вишиот управен суд со 14 години стаж и Газменд Фејзули, судија во Управниот суд со 18 години стаж.

Пред да стане судија во Вишиот управен суд во 2018 година, Јакупи и беше познат на јавноста како член на Државната изборна комисија кој заедно со уште седум колеги од тогашниот состав си поделиле бонуси за ангажман за локалните избори во 2017 година. Информацијата ја обелодени поранешниот американскиот амбасадор Џес Бејли, а посочените под јавниот притисок поднесоа оставки од функциите од лични причини. Јакупи беше и заменик министер за правда од ДУИ.