Премиера на детската претстава „Ѕвездени перничиња“ во Салон 19:19
Во Салон 19:19 вечер ќе се одржи премиерата на новата детска театарска претстава „Ѕвездени перничиња“.
Како што информираат организаторите, претставата е базирана на раскази кои преку 12 тематски дела нудат едукативен и интересен начин за запознавање на четирите годишни времиња и 12-те месеци во годината.
Покрај современите називи, текстот ги опфаќа и првичните стари имиња на месеците од дамнешни времиња, проследени со типични ритуали, народни обичаи и богатото културно наследство на македонскиот народ. За секој месец поединечно, претставата носи и посебна, поучна и помалку позната приказна.
Во актерската екипа се Борче Начев, Софиа Насевска – Трифуновска и Снежана Коневски Руси, која воедно ја потпишува и режијата на оваа сценска творба.