Маж од Богданци се обидел да силува девојка, само 4 дена по убиството на Биљана
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село поради постоење основи на сомнение дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.
Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови.
Ова стои во денешниот полициски билтен, па се поставува прашање, не чул ли овој соселанец на Биљана и Виктор, што се случило или сепак, мислел дека неговиот порив е повреден?
Биљана (17) беше најдена во запален автомобил во близина на Богданци на 3 ноември, а нејзиниот дотогашен партнер 21-годишниот Виктор, откако ја убил и ја запалил во автомобилот, си го одзел животот со бесење, во близина на запаленото возило.