Хаос во Франција: Обилни дождови, поплавени куќи, eвакуирано население


Четири департмани на југот на Франција се под портокалово метеоролошко предупредување поради обилни дождови и ризик од поплави, додека 73 лица беа евакуирани на југот на Корзика во текот на ноќта, објавија денес надлежните служби.

Метеоролошката служба Метео-Франс го прошири предупредувањето на департманите источен Еро и јужен Гарс, кои се придружија на Корзика и Горна Корзика, објави BFM TV.

Предупредувањето е на сила од 10 часот наутро, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста да се подигне на повисоко ниво доколку продолжат интензивните бури во истите области.

Префектурата Корзика објави дека 73 лица биле евакуирани синоќа и сместени во спортска сала во Порто Векио. Предупредувањето е испратено до жителите и лицата во општините Порто Векио и Сари-Соленцара од седум часот наутро.

Обилните дождови што ја погодија областа Порто Векио од среда доведоа многу луѓе во опасност, а 20 лица се спасени, вклучувајќи едно извлечено од возило што го однесе поројот, соопшти противпожарната служба на Јужна Корзика.

 

Во департманите источен Еро и јужен Гар, денес се очекуваат обилни дождови, во текот на целиот ден во четврток, со врнежи од дожд што би можеле да надминат 120 милиметри.

Метеоролозите предупредија дека почвата е веќе заситена со вода поради обилните дождови во претходните недели.

Силни грмотевици проследени со интензивен дожд го погодија и Монпелје вчера.

Портокалово предупредување на Корзика се очекува да остане на сила до пладне во петок, додека се очекува да биде укинато на полноќ во четврток во департманите Гар и Еро.