Синот на норвешката кралица останува во притвор


Осло– Мариус Борг Хеиби, најстариот син на норвешката кралица Мете-Марит, останува во притвор, одлучи Апелациониот суд.

Хеиби беше осуден на четири години затвор поради разни кривични дела, вклучувајќи две точки од обвинението за силување. Тој поднесе жалба на пресудата, а во февруари треба да почне жалбената постапка во која повторно ќе се разгледуваат обвиненијата за силување и семејно насилство извршено врз неговата поранешна девојка.

На 29-годишниот Хеиби притворот досега му беше продолжуван во периоди од по четири недели.

Судот во Осло во понеделникот донесе одлука Хеиби да се пушти од притвор, кој досега го издржуваше во домашни услови со електронска алка, престојувајќи со својата мајка и очув, кралот Хокон, на имотот Скаугум. Неговиот адвокатски тим во понеделникот тврдеше дека притворот за него во овој момент е „неподнослив“.

Меѓутоа, обвинителството веднаш поднесе жалба на таа одлука, а Апелациониот суд вчера ја поништи.

– Посакувавме поинаков исход, но ја прифаќаме одлуката на Апелациониот суд – изјавија адвокатите на Хеиби и додадоа дека сега детално ќе го проучат образложението на судот и со Хеиби ќе разговараат за понатамошните чекори. ј