Сиљановска на средби во НАТО, ја пречекаа Руте и Шекеринска


Претседателката Гордана Сиљановска, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На влезот покрај Руте, претседателката ја пречека и  Радмила Шекеринска, заменик-генерална секретарка на Алијансата, која на функцијата е од декември 2024 година. 

На средбата со Руте, Сиљановска ја реафирмираше посветеноста на Македонија кон НАТО и колективната одбрана, нагласувајќи ја важноста на сојузничкото единство и силната трансатлантска врска за безбедноста. Таа ја потврди и определбата за зголемување на издвојувањата за одбраната согласно Хашкиот план, како и продолжување на модернизацијата на Армијата, вложувањата во сајбер-безбедноста и заштитата на критичната инфраструктура.

На разговорите станало збор и за поддршката за Украина, како и за значењето на Коридорите 8 и 10 за регионалната соработка и воената мобилност. 

Симптоматично е дека токму на денот кога е поиразен Доналд Трамп во САД и кога излезе извештајот за неуспехот на Македонија да напредува во ЕУ, и претседателката која никогаш досега не била во официјална посета на Брисел, и премиерот Христијан Мицкоски отпатуваа во земји членки на ЕУ, веројатно за да имаат аргументи дека прават нешто за перспективите на Македонија кога Марта Кос вели дека не правиме ништо.