Газете боси по трева или песок: Носи здравје за целото тело


Стилот на боси нозе станува сè попопуларен меѓу луѓето. Ова не е изненадувачки, бидејќи станува збор за здрав, едноставен и потполно бесплатен начин на движење. Затоа, едноставно собујте ги обувките – толку е едноставно!

Зошто сè повеќе луѓе избираат да одат боси на јавни места? „Брајт сајд“ (Bright Side) се обиде да објасни зошто собувањето и одењето со боси нозе е корисно и за телото и умот.

Може да помогне во коригирање на рамни стапала

Одењето бос е ефикасен и природен начин за спречување на појавата на рамни стапала. Ова е уште покорисно кога се практикува на површини како песок, трева или нерамни терени. Се смета дека одењето по рамни, униформни површини, или носењето несоодветни обувки е главната причина за слабоста на мускулите на стапалото. Натаму, трчањето со боси нозе може да помогне во зголемување на закривеноста на стапалата. Колку повеќе одите боси, толку посилни стануваат мускулите на стапалата.

Корисно за вашите органи

Погустата крв ја зголемува опасноста од развој на срцеви заболувања. Сепак, одењето бос може да помогне во ублажување на овој проблем. Според истражување објавено во „Списанието за алтернативна и комплементарна медицина“ (Journal of Alternative and Complementary Medicine), одењето со боси нозе ја намалува густината (вискозноста) на крвта. Покрај тоа, одењето бос го поттикнува развојот на мозокот – ова особено важи за децата. Исто така, вашите коски стануваат посилни, а стимулирањето на одредени акупресурни точки може да ја подобри состојбата на бубрезите и црниот дроб.

Ослободување од зрачење

Дури и едноставниот контакт со Земјата е доволен за да се врати нашата рамнотежа. Тајната лежи во природниот електричен полнеж на Земјата што ги стабилизира внатрешните процеси во телото. Електроните од Земјата го извлекуваат електричниот набој во човековото тело и носат чувство на смиреност за умот.

Може да го подобри видот

Постојат многу точки на притисок што можат да помогнат во ублажување на болката, па дури и во лекување на одредени здравствени тегоби. Одењето бос по трева врши притисок врз специфични точки, што влијае на целокупната благосостојба на едно тело. Со секој чекор се врши притисок врз првиот, вториот и третиот прст на стапалото, а тие точки се директно поврзани со подобрување на видот.

Овозможува внес на витамин Д

Одењето бос овозможува поголем дел од човековата кожа честопати е изложена на Сонце. Особено е корисно да се оди бос по трева рано наутро или доцна попладне, кога сончевите зраци се послаби.

Одењето бос ја подобрува положбата на телото

Постојаното носење обувки доведува до губење на силата на мускулите што ги стабилизираат стапалата. Ова може да предизвика низа секундарни проблеми, вклучително и неправилно држење на телото. Притисокот врз одредени точки на стапалата, заедно со влијанието на температурата и текстурата на подлогата, делува исклучително поволно врз положбата на човековото тело.

Ја подобрува меморијата

Според научен труд објавен од Универзитетот во Северна Флорида, само 16 минути трчање бос го подобруваат помнењето за 16 отсто. Во експериментот учествувале вкупно 72 лица на возраст од 18 до 44 години. Се покажа дека оние што трчале носејќи обувки не покажале никакви промени во мемориските способности. Причината за ова е што одењето без обувки го принудува човекот да чекори внимателно.

Делотворно против главоболка

Одењето бос може да ги ублажи главоболките. Се верува дека мигрените можат да настанат како последица на долготрајна изложеност на зрачење. За среќа, стоењето бос на земја ги намалува слободните радикали, а со тоа и симптомите на главоболка.

Ја намалува болката во грбот

Обувките често се причина за појава на разни болки. Лекарите истакнуваат дека високите потпетици може да предизвикаат навалување на карлицата нанапред, што често доведува до болки во грбот. Затоа, одењето бос не само што ги зајакнува мускулите на стапалата, туку и ја подобрува положбата на телото и начинот на одење. Со тек на времето, според стручњаците, може да се забележи дека телото повторно се адаптира кон својата природна положба, бидејќи повеќе не зависи од обувките.