Плаво цунами го погоди Трамп, тој се закани дека ќе владее со вета


Претседателот на САД, Донал Трамп, кој доживеа катастрофален пораз во Конгресот и практично гласачите му пратија порака дека масовно се незадоволни од неговата функција, место да најави некаква промена во политиката, рече дека отсега натаму ќе владее со вета.

Запрашан како планира да се справи со контролиран од демократите Конгрес по среднорочните избори велејќи дека е подготвен да го отфрли законодавството на кое се спротивставува сè додека двете страни не најдат заедничка основа, Трамп одговори:

„Тие ќе испорачуваат  работи што се луди и јас ќе ставам вето на нив.“

Трамп тврдеше потоа дека демократите веќе го повикуваат и дека веќе разговарал со неколку пратеници и дека има уште кои чекаат да се јават.

Сепак во интервју подоцна за „Политико“ тој излезе со помирлива изјава најавувајќи дека ќе работи со демократите. Тој нагласи дека неговата администрација ќе соработува со демократите за „да се средат работите добро за земјата“.

„Па, ќе соработуваме со демократите за да се осигураме дека работите ќе одат добро за нашата земја. Многу е важно“, изјави Трамп за медиумот, јавувајќи се во нивниот пренос во живо од изборната вечер.

Со смирен тон, Трамп рече дека иако има право да стави вето на законите што ќе му дојдат на маса од Конгресот контролиран од демократите, тој не „сака само да седи таму две години ставајќи вето на сè“ иако претходно го сугерираше спротивното, дури и велејќи дека ќе стане „г-дин Вето“.

Иако одлуката на Трамп да војува со Иран веројатно придонела за големите загуби на Републиканската партија, претседателот го бранеше својот избор.

„Многу луѓе велат дека цената на нафтата е поради Иран, но јас сум многу, целосно сум убеден дека мојата одлука за Иран за долгорочно добро на нашата земја, па дури и на светот, беше апсолутно правилна и продолжува да биде“, рече тој.

  Иако гласовите се пребројуваат уште во седум држави утрово, јасно е дека поразот на републиканците ќе биде уште поголем, а не намален, со историски плав „бран“ во кој повеќе држави во САД што важеа за републикански ја сменија страната, токму заради резултатите од неговата политика.