Драма кај клучка Хиподром: Со возило му го попречиле патот, па едно од лицата го натепало и му се заканило
21-годишеник од Кавадарци вчера бил физички нападнат кај клучката кај Хиподром.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Б.(21) од Кавадарци пријавил дека на автопатот од Скопје – Велес, кај клучка Хиподром, друго возило му го попречило патот, по што од него излегле две лица и едното од нив го физички го нападнало и му упатило закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.