Славески изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, како тогаш дал дозвола, прашуваат од СДСМ


Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не go интересирало. Kако тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија?, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на партискиот генерален секретар, Александар Саша Димитријевиќ.

Рој додаде дека ова е изјава на Славевски во истиот ден кога во Србија е објавено дека е уапсен сопственикот на банката, Давор Мацура и кога е објавено дека извадил од трзорот на банката 400 милиони евра во кеш.

„За многумина денес ова е незамисливо, но наскоро ќе бидат шокирани од деталите што се врзани за ВМРО и за Мицкоски и за криминалните релации со нивната СНС и Вучиќ“, рече Димитријевиќ.

Според СДСМ, мерките што ги воведе Славески, биле направени криминална група да ги заврши своите непречени префрлувања на пари, а во исто време граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

„Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Ако се сакаше да се заштитат граѓаните, ќе им се дозволеше да си ги подигнат своите пари непречено, без лимити“, рече Димитријевиќ.