Оскаровката Кејт Бланшет доби највисоко јапонско одликување за актерската кариера
Австралиската актерка со холудска кариера и модна икона Кејт Бланшет и американската уметница Џени Холцер се добитници на јапонската награда „Премиум империјале“ (Praemium Imperiale) за 2026 година – едно од најпрестижните меѓународни признанија во светот на уметноста. Јапонското здружение за уметност, исто така, им оддаде признание на архитектот Даниел Либескинд, скулпторот Енди Голдсворти и диригентот Херберт Бломштет.

Бланшет, добитничка на два Оскара, ја доби наградата во категоријата за театар и филм, како признание за нејзината уметничка кариера и општествен ангажман, додека Холцер беше наградена во категоријата за сликарство, за нејзиниот опус што ги преиспитува традиционалните конвенции и го користи јазикот како алатка за уметничко изразување и општествена критика.

Во 2004 година, за улогата на Кетрин Хепберн во филмот „Авијатичарот“, Бланшет ја освоила наградата „Оскар“. Во 2007 година, таа го глумела ликот на Боб Дилан во филмот на Тод Хејнс „Не сум таму“ при што за својата улога била номинирана за „Оскар“, а ги освоила наградите „Златен глобус“ и „Волпи“ на Венецијанскиот филмски фестивал. Во 2014 година, таа го освоила и својот втор „Оскар“, овојпат за улогата на Јасмин во филмот „Тажната Јасмин“ на режисерот Вуди Ален. Претходно, за оваа улога, таа се закитила и со наградата „Златен глобус“.