Повторно врсничко насилство во Аеродром: Познаници тепале малолетници


Скопјанка (49) пријавила нов случај на врсничко насилство во Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 21:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син и негови двајца другари биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои дел ги познавале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.