По дојава за бомба, авион на „Виз ер“ од Лондон до Софија безбедно слета во Будимпешта придружуван од воен авион
Патнички авион што леташе од Лондон до Софија безбедно слета во Будимпешта, придружуван од унгарски борбен авион „Грипен“, откако било дојавено дека на него има поставена бомба .
Лет на „Виз Ер“ од Лондон до Софија беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта во понеделник по закана со бомба, објави „Ројтерс“.
Унгарскиот министер за одбрана Ромулуш Рушин-Сенди го објави драматичниот настан на Фејсбук.
Унгарски борбен авион „Грипен“ веднаш беше испратен да го придружува патничкиот авион откако беше пријавена заканата.
Детален преглед во Будимпешта
И покрај заканата и вонредната промена на рутата, патничкиот авион безбедно слета на пистата во унгарскиот главен град.
Надлежните органи веднаш започнаа детален безбедносен преглед на авионот и сите патници по слетувањето, што „Виз Ер“ го потврди за порталот 24.hu.
Дополнителни безбедносни мерки
Полицијата на терен спроведува дополнителни безбедносни мерки, потврди министерката Рушин-Сенди.
По успешното придружување и безбедно слетување на патничкиот авион, борбениот авион „Грипен“ на должност се врати во својата воздухопловна база во Кечкемет.