Како работеше Алта банка АД Битола: Загуба од речиси 800 илјади евра, но и висок процент лоши кредити
Алта банка АД Битола во периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година остварила нето-загуба од 48,64 милиони денари, или околу 797 илјади евра, покажуваат Неревидираните финансиски извештаи што ги достави банката до Македонската берза. Во истиот период минатата година, банката која пред преземањето од истоимената српска банкарска групација (Алта банка ад Белград) го носеше називот Стопанска банка од Битола, имаше добивка од 49,15 799 илјади евра.
Од банката посочија дека врз деловните резултати влијаеле зголемените вложувања во развојни активности, инвестициите во вработени и деловна инфраструктура, како и порезлив (внимателен) пристап при одобрувањето на нови кредити. Исто така, дека банката се насочува кон подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и подобро управување со нефункционалните кредити.
Според извештајот на банката за минатата година, заклучно со 31 декемви 2025 година, стапката на нефункционалните кредити била 5,41 отсто, што е значително над просекот во банкарскиот сектор во земјава, кој на крајот на јуни годинава бил 1,97 отсто, шт е подобрување во однос на истиот период лани кога оваа стапка изнесувала 2,45 отсто, пренесува „Колегиум“.
Под „стапка на нефункционални кредити“ се подразбира односот помеѓу вкупниот износ на
нефункционалните кредити (главница) и вкупниот износ на кредити (главница) на банката, во брутоизнос, односно без да се земе предвид износот на исправката на вредноста / посебната резерва и акумулираната амортизација, се појаснува во финансискиот извештај на Алта банка АД Битола.
Според неревидираниот биланс на состојба на ден 30 септември 2026 година, вкупните депозити од клиенти (граѓани и компании) во Алта банка АД Битола изнесуваат околу 144,80 милиони евра.
Најголемиот дел од овие средства традиционално го сочувуваат токму депозитите на физичките лица (граѓаните).
Народна банка како дел од мерките со кои ја стави Алта банка АД Битола под принудна управа, донесе и ограничување за користење од 10 илјади денари неделно за граѓаните кои имаат сметка во оваа банка.