Во МАНУ пристапно предавање на академик Изет Зеќири
Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска напладне пристапно предавање ќе одржи академик Изет Зеќири.
Пристапното предавање е на тема „Менаџмент и лидерство во јавните институции во Северна Македонија – Проблеми и решенија“.
Пригодна реч, како што најавија од МАНУ, ќе одржи академикот Таки Фити.