Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ: Вреди е тројански коњ на изборите во Брвеница
Тешки обвинувања искажа пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, против коалицискиот партнер Вреди околу изборите за градоначалник во Брвеница. Гостувајќи на Сител таа рече дека во вториот круг на изборите Вреди застанала зад Аркин Јахиј,кандидатот на ДУИ, т.е. Националната алијанса за интеграција.
Таа оцени дека Вреди ја одиграла улогата на Тројански коњ и не застанала за кандидатот од владината коалиција, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноска го обвини Вреди дека партијата не успеала да се дистанцира од ДУИ и ги „раштрка гласовите од гласачкиот базен“. Но таа не верува дека изборите во Брвеница ќе бидат тест за владината коалиција, кој и да победи.