И во 11 часот излезноста во Брвеница е зголемена
Членови на Државната изборна комисија предводени од претседателот Бојан Маричиќ и денес во рамки на вториот круг посетија три избирачки места во Општина Брвеница каде се одвива втор круг од гласањето за избор на градоначалник.
Тие потоа одржаа и прес-конференција за медиумите, а претседателот Маричиќ со заклучок од теренската посета дека гласачите слободно и без сериозни проблеми излегуваат на гласање, а за тоа, според него, укажува и излезноста.
„До 11 часот на денешниот ден податоците од сите 24 избирачки места се дека излезноста изнесува 13,82 проценти, односно дека од вкупно запишаните 16.256 гласачи до 11 часот гласале 2.245 граѓани. Најголема излезност до 11 часот се забележува во избирачкото место станува 2044 (во селото Стенче), 22,12 проценти, додека најмала на избирачкото место 2047 (во Теново) каде има 5,33 проценти, истакна Маричиќ.
Во споредба со првиот круг излезноста во 11 часот е зголемена за 4,71 процент. Тогаш пред две недели во овој период 11 часот гласале 1.480 гласачи или 9,11 проценти од вкупниот број на запишани гласачи, сега се 13,82 отсто односно 2.245, рече Маричиќ.
Во однос на заштитата на личното избирачко право до 11 часот до ДИК е доставен еден приговор кој е усвоен и на гласач му е овозможено да гласа.