Дожд и само дожд – времето денеска
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови ќе биде под влијание на циклонска активност. Од денеска до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.