Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија.
Во рамки на посетата се предвидени средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата.
Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, на кој ќе учествува и во панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.