Скопје не се „измори“ од мода: Од атмосферата на отворањето на FWSK33 во МСУ (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Скопје не се измори од (висока) мода, а Моден викенд Скопје под будното око на Света Богова – Јовановска, оваа сезона ја помести границата меѓу модната писта и галерискиот простор. МСУ синоќа, со импозантниот простор низ кој се движеа убави и креативни дами, домашни и меѓународни дизајнери, гости од сите сфери на јавниот живот и претставници на медиуми и со поставени инсталации и изложби, вибрираше со свежа енергија и се покажа како вистинска сцена за ваков спој- простор во кој модата не е само визуелен спектакл, туку начин на комуникација со културата, идентитетот и времето во кое живееме.

Фото: Б. Грданоски

Ова 33. издание на Моден викенд Скопје ветува дневна и вечерна програма што опфаќа модни ревии, изложби, перформанси, јавни разговори, предавања и меѓународни проекти.

Фото: Б. Грданоски

И овој пат модната сцена доби поинаков контекст, а традиционалните занаети станаа инспирација за современи приказни. Креациите , создадени од жени од осум општини во државава ги носеа претставнички на дипломатскиот кор и дами од јавниот живот, со што се испрати порака за женска солидарност, еднакви можности и поддршка на женското претприемништво.

Фото: Б. Грданоски

Настанот беше во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје и „Добредојде Macedonia – Welcome Center“. Доказ дека модата може да биде и дипломатски јазик без превод, но со силна порака.

Фото: Б. Грданоски

Еден од (не)очекуваните моменти беше и враќањето на дизајнерот Никола Ефтимов, досега во улога како професор, со модна ревија. Неговото повторно присуство на модна сцена донесе посебна тежина, возбуда и уважени гости, потсетувајќи дека вистинскиот моден потпис не е прашање на тренд, туку и на авторски израз и препознатлив идентитет.

Фото: Б. Грданоски

Инспирирана од атмосферата на загрепскиот Горни Град и книжевниот свет на Марија Јуриќ Загорка, колекцијата „Грич Ноар“ ги претвора историските и личните референци во современ дизајнерски израз. Расклопените и реконструирани класични кроеви, необработените рабови, видливите конструкции и рачните шевови го откриваат процесот на создавање. Кај Ефтимов, истражувањето на конструкцијата е и истражување на меморијата, а постојните материјали и парчиња добиваат нови функции и значења.

Фото: Б. Грданоски

GEORGYA ја заокружи ревиската програма со „SEASON V COUTURE“, современа бајка раскажана преку високата мода.

Фото: Б. Грданоски

Но Моден викенд Скопје не беше само приказна за облеката. Беше и приказна за жените кои ја носат модата со став, самодоверба и личен печат. Убави елегантни и впечатливи девојки и дами, интересни модни детали ја претворија вечерта во вистинска модна сцена и надвор од пистата.

Фото: Б. Грданоски

Фотогалеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски ја „раскажува“ атмосферата синоќа од отворањето, повеќе од зборови. 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски