Предизборна дебата во Бугарија: И Јотова и Ѓуров не го сакаат „Францускиот предлог“

Илијана Јотова вели дека „нема да отстапи ниту еден сантиметар од она што веќе беше договорено“


 

Јотова инсистираше на преговори со Русија и заштита на националната позиција, а Ѓуров предупреди дека молчењето не е одбрана. Двајцата не се согласуваат околу договорот со Киев, договорот со „Боташ“, европската политика и одговорноста за инфлацијата.

Безбедноста на Бугарија, војната во Украина, енергетските договори и зголемувањето на цените ги истакнаа главните линии на конфликт меѓу претседателските кандидати Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во синоќешната предизборна дебата на јавниот сервис БНТ. Двајцата ги бранат различните пристапи кон националната безбедност и местото на земјата во Европа, како и улогата на претседателската институција, односот меѓу нивните и одлуките на претходните влади.

Јотова ја нагласи дипломатијата, преговорите за мир и потребата Бугарија да задржи независна позиција во Европската унија. Ѓуров се залага за поактивна одбранбена политика, соработка со сојузниците и поголема одговорност на институциите за заштита на граѓаните. На крајот од дебатата, двајцата влегоа во жесток спор околу буџетот, инфлацијата, приходите и активностите на владата.

И прашањето на односите со Македонија беше дел од дебатата.

Двајца кандидати искажаа негативни оценки за „Францускиот предлог“ за преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Јотова рече дека бугарската позиција во преговорите кога Франција претседаваше со ЕУ била речиси  пропадната и дека била „спасена во последен момент“ со вмешувањето на тогашниот претседател, а сега премиер,  Румен Радев.Според неа, бугарската позиција била зачувана во 5 до 12  за време на владата на Кирил Петков, кој „еден понеделник тргна во Скопје за да ја промени позицијата“. Радев „херојски“ ја спасил ситуацијата.

„Во мене гледате човек кој нема да отстапи ниту еден сантиметар од она што веќе беше договорено“, рече Јотова.

Таа подвлече дека нема доволен напредок во заштитата на правата на луѓето со бугарска самосвест и во борбата против говорот на омраза.

Гуров ги оправда и заштити постапките на тогашната влада и парламентарното мнозинство. Според него, целта била бугарските барања да станат дел од општата европска позиција, вклучително и условот Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Македонија.

„Успеавме да ги заштитиме интересите на бугарските граѓани и бугарската позиција да биде дел од општата европска позиција“, рече Ѓуров.

Ѓуров потоа потсети дека кога кабинетот на Петков се согласил за овој предлог, претседателот на Бугарија го нападнал. Јотова ја повика Бугарија да продолжи да бара исполнување на договорите, додека Ѓуров ја нагласи важноста на европската поддршка за бугарските позиции.