Муцунски за Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата” – а за Груевски?
Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата” – а може ли истото да го порача Тимчо и до Будимпешта? Да го врати Груевски? – реагира СДСМ на изјавата од вчера на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.
-Зошто до денес не се пратени сите потребни документи за екстрадиција до новата влада во Унгарија? Зошто човекот што побегна од правда, благодарение на системот што го постави тогашниот ВМРО-ОКГ, сè уште е во Унгарија? Зошто до Будимпешта нема остра порака, а до Софија има?
Истиот министер што сега бара стандарди од ЕУ за бегалци од правда, претходно молчеше кога Груевски си замина. Молчи и кога Панче Тошковски пропушта преку граница луѓе без евиденција.Молчи и кога пет тони дрога поминаа граница кон сестринската СНС во Србија.
За Ива Михаилова – непристојно, а за Груевски – тишина. За Тошковски – хиперхлорирање. За петте тони – нема одговор.
СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште. Ако се бараат документи за едната, се бараат и за другиот. Ако законот важи за сите, важи и за оној што побегна со помош на тогашниот систем.Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. И нека објасни зошто документите за Груевски сè уште не се целосни.Од СДСМ има поддршка за двете барања. И за Ива, и за Груевски. порачаа од опозицијата.