Новиот колегиум на РТС им се извини на гледачите, Студентите порачаа: Не прифаќаме извинување. Прифаќаме само оставки
Новиот уреднички колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва им се извини на гледачите во Србија, оценувајќи го тоа како „прва мерка за оздравување“.
„Прво извинување за сите што беа изоставени во претходниот период. Пред нас е работа на програмските содржини, а сè во јавен интерес. Сакаме да ја вратиме вашата доверба“, порача новиот уреднички колегиум на информативната програма на РТС во соопштението прочитано во централниот дневник на телевизијата.
Студентитете кои победија на предвремените парламентарни избори на социјалната мрежа Икс порачаа: Не прифаќаме извинување. Прифаќаме само оставки.
Претходно денеска беше објавено дека се сменети уредниците на информативната програма на РТС.
Според одлуката на вршителот на должноста главен уредник на информативната програма, Боривој Ускоковиќ, од функциите се разрешени уредничката на дописничката мрежа Весна Шиљеговиќ, уредничката на регионалната програма Николина Ракиќ, уредникот на емисијата „Око“, Горислав Папиќ, уредникот на веб-страницата Зоран Станојевиќ и уредничката на програмата за дијаспората Сузана Гвозденовиќ.
Сменети се и уредниците на централниот дневник, кој се емитува во 19:30 часот – Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ.
Вчера, оставка од функцијата директорка на РТС поднесе Мања Грчиќ.