Денеска времето ќе биде облачно со сончеви периоди, од утре ќе има локални врнежи од дожд


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Од понеделник времето ќе биде стабилно, со мала облачност во текот на денот. Ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник долж Повардарието ќе биде засилен