Силен земјотрес кај Сицилија


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето на Сицилија во Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри. Епицентарот се наоѓал на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д’Орландо.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.