Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени
Најмалку 16 лица загинаа, а 65 се повредени во земјотрес со јачина од 7,0 степени што го погоди округот Нагчу во северен Тибет во автономниот регион Сиканг во југозападна Кина, соопштија локалните власти.
Кинескиот претседател Шји Џинпинг нареди да се вложат максимални напори во потрагата и спасувањето на исчезнатите, како и што е можно поскоро да им се пружи медицинска помош на повредените, а во исто време да се преземат сите мерки за да се намали бројот на жртви на минимум.
Тој предупреди дека погоденото подрачје е на голема надморска височина, а температурите се ниски, поради што е потребно внимателно да се следи сеизмичката активност и временските услови со цел да се спречат дополнителни катастрофи.