Нетанјаху сега ќе го затвора и Западниот Брег


Бенјамин Нетанјаху (Фото: Ројтерс)

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на армијата да се подготви за целосно затворање на окупираниот Западен Брег, откако израелски војници застрелаа и убија двајца мажи, за кои војската тврди дека извршиле „терористички напад“ во близина на градот Хеброн. Службите за итни случаи соопштија дека пет лица се повредени и пренесени во болници.  Најмалку пет лица се повредени, од кои некои се во критична состојба.

Неколку часа подоцна, Израел ѝ нареди на армијата да се подготви за целосно затворање на Западниот Брег. Од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху изјавија дека им дале насоки на безбедносните сили веднаш да го блокираат градот Хеброн и да се подготват за целосно затворање на целиот Западен Брег, почнувајќи од денеска.

Претходно, армијата соопшти дека спречила „терористички напад врз израелски цивили“. Не беа дадени детали за тоа која била целта на наводниот напад. Исто така, немаше информации за идентитетот на двајцата загинати, ниту за повредените.

Војската потоа постави блокади на патиштата и воведе ограничувања во палестинските градови во таа област.

Овој смртоносен инцидент се случува во време кога израелските гласачи, следниот вторник, треба да одлучат дали ќе му доделат на Бенјамин Нетанјаху уште еден мандат како премиер – или ќе отворат нова ера во израелската политика. Изборите се одржуваат три години по нападите врз Израел, предводени од Хамас.

Во пресрет на годишнината од нападот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната, Нетанјаху изјави дека палестинската милитантна група би можела да го нападне Израел во обид да влијае врз исходот од изборите. Тој не понуди докази за да го поткрепи ова тврдење.