Алкараз загуби од Бергс во третото коло на Мастерсот во Шангај
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денес загуби од Белгиецот Зизу Бергс во третото коло на турнирот АТП 1000 во Шангај со 5:7 и 6:7 (4:7).
Мечот траеше 2 часа и 3 минути.
Третиот тенисер во светот, Алкараз, сервираше пет аса, направи две двојни грешки и реализираше две од две брејк топки.
Триесет и деветтиот на АТП ранг-листата, Бергс, сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше три од четири брејк топки.
Противник на Белгиецот во четвртото коло ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Томи Пол (САД) и Валентин Вашеро (Монако).