ЕУ воведе санкции за 1.600 поддржувачи на воените напори на Русија
Луксембург – ЕУ се согласи да воведе нови санкции за рекорден број поддржувачи на воените напори на Русија, насочени кон речиси 1.600 поединци, компании и други организации, соопшти денеска шефицата за надворешна политика Каја Калас.
Мерките договорени од министрите за надворешни работи на ЕУ на нивниот состанок во Луксембург беа „поединечно најголемото проширување на нашата листа на санкции откако Русија ја почна својата војна“, напиша таа на X.
„Повеќе од половината се поврзани со производствениот синџир за балистички ракети … И го правиме значително потешко, побавно и поскапо на Русија да го произведува оружјето што го користи за убивање Украинци“, додаде Калас.