Бојан Трифуновски го режира перформансот после проекцијата на „Лефти и Рајти“ во МНТ
На 28. ноември во Македонскиот народен театар премиерно во 12 часот ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“.
По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката.
Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден од нашите најистакнати театарски режисери, со посебен сензибилитет и чувство за работа со деца.
Целата премиерна програма ќе трае околу 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство за целото семејство, спој на филм, театар и музика.
Театарскиот перформанс е замислен како мини мјузикл за деца, во кој освен тематска песна на филмот “Ќе бидам пријател”, ќе има и песна од Калиопи која ја отстапи специјално за овој перформанс.
“Сакаме децата да се почувствуваат како да влегуваат во еден храм каде што има кино проекции и театар. Ако тоа го почувствуваат од мали, ќе ја почитуваат културата, која е врата кон цивилизацијата и возвишеното. Заради тоа за нив ќе постелеме не црвен, туку шарен тепих, ќе ги пречекаме како на секоја премиера и ќе ги сместиме во удобните кадифени седишта на големата сцена на МНТ”, вели Нена Гиевска од зАнимација продукција.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и Хрватскиот аудиовизуелен центар – ХАВЦ.
Улогите во филмот ги толкуваат:
Јелена Јованова – Лефти, мајката
Гораст Цветковски – Рајти, ранецот Тигар
Тања Кочовска – наратор
Ева Скендеровска – Мими, Дреска, фустанот Роза
Изабела Јакимова – Јакната Јасна, продавачката
Останати гласови:
Јана Велева
Александар Георгиевски
Миа Велева
Режија: Илија Тодоровски, Сценарио: Наташа Дукоска, Ко-сценарист: Билјана Црвенковска, Арт-дирекција: Хари Дудески, Студио за анимација: Toon Motion Studios (Македонија), Тематска музика за филм: Дина Јашари
Продукција: зАнимација продукција
Продуцент: Снежана Нена Гиевска
Креативен продуцент: Наташа Дукоска
Копродукција: Minya Film i Animacija (Хрватска)
Ко-продуцент: Миљана Драгичевиќ
Дизајн на постер: Владимир Домазетов
Тематската песна на филмот со промотивен спот се готови, потпишана е Дина Јашари:
Картите за премиерата се достапни на следниот линк: https://www.karti.com.mk/lefti-i-rajti-si-najdoa-dom-makedonski-animiran-film.nspx